Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески оствари работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, на која разговараа за тековните и планираните инфраструктурни проекти во Кочани и во регионот.

„Ние како централна власт даваме сериозна поддршка и очекувам сите инфраструктурни проекти успешно да се реализираат. Патот Кочани – Делчево, на чија реконструкција се работи, не е реконструиран од 60-тите години, а тој е посебно значаен за Коридорот 8 и за Кочанскиот регион. За овој регион во наредниот период е предвидено да се вложат 70 милиони евра и тоа за реконструкција и на дел од патот Кочани – Пониква, за изградбата на експресниот пат Штип – Кочани, како и за обиколницата кај Кочани“ соопшти министерот Сугарески.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, реконструкцијата на патот Кочани – Делчево е моментно една од најголемите во државава.

„Се работи на делница долга 30 км, од која остануваат да се доработат уште 2,5 км, со 18 мостови и четири големи свлечишта, за што се наменети 6 милиони евра. Подобрувањето на овој патен правец за овој дел на Република Македонија е особено значаен затоа што ќе го подобри протокот на сообраќај“ рече директорот Китанов.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев изрази задоволство што е веќе во завршна фаза тендерската постапка за експресниот пат од Крупиште кон Кочани, а ги најави и активностите за подготовка на проектната документација за изградба на брана на Арамиска Чешма и на доизградба на 1,7 км од патот на Браната Речани.

DSC_0035 (Copy)

DSC_0042 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари