Стопостотен учинок остварија џудистите на ЏК „Гладијатор“ од Кочани на „Државното првенство за пионери и сениори“ кое за време на викендот се одржа во „градот на конзулите“ – Битола.

На првенството во конкуренција на 180м џудисти „Гладијатор’ настапи со осум и сите освоија медали од кои 2 златни и 6 сребрени.

Стефанија Павлова и Филип Стојанов се закитија со златниот медал, а додека среброто се најде на градите на: Дамјан Крстов, Андреја Давитков, Филип Манасиев, Христијан Павлов, Андреја Минова и Емилија Станојкова.

За мошне краток период џудистите на „Гладијатор“ остварија нов стопостотен учинок што е плод на досегашната работа на тренерот Драган Шеќероски.

С. Ивановски

4243

4445

4647

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари