Членовите на К.Р.А. „Нико“ од Кочани, Михаил Малинов и Дијана Иванова освоија медали на „Државното првенство во џудо“ за Пионери и Сениори што се одржа во Битола.

Тие заедно со Станче Минов, Филип Јакимов и Матеј Георгиев на првенствено настапија под „капата“ на Џудо клубот „Пелистер“ од Битола.

Сребрен медал освои Михаил Малинов во категоријата 38 килограми а Дијана Иванова која настапи во категоријата до 48 килограми го освои бронзениот медал.

Ова е инаку втор настап на членови на КРА „Нико“ од Кочани на едно поголемо натпреварување.

С. Ивановски

35189836_246818599422013_2682444695417651200_n35051317_1935091219854832_7323280553803776000_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари