Дождот проследен со ветер што го зафати во неделата попладне Кочани ја наполни со вода салата на БК „Спартак“.

На страната на клубот на приложените фотографии се гледа дека кровот прокиснува и дека тоа е причината што водата навлегла во салата.

Последното менување на кровот се случи во 2009 година кога беа заменети сите платна од салонит на комплетната „Спортска сала“, но очигледно е дека толку можел да издржи, цели девет години.

Во БК „Спартак“ од 2009 година па наваму се менуваа управи и Претседатели на клубот, сите во своето прво обраќање како приоритет ја посочуваа салата, односно менувањето на кровот, поправка на санитарните јазли и смена на прозорците, но за жал немањето доволно средства во клубот такво нешто до денес се нема остварено.

И годинава на Изборното Собрание што се одржа на 09. Февруари имаше ветување од новиот претседател дека една од неговите заложби ќе биде санирањето на сите недостатоци во спортската сала. Вчера дождот го покажа еден од најголемите недостатоци, можеби тоа и ќе биде причината пред  да се заменат прозорците како што беше ветено на Изборното Собрание приоритет ќе биде да се замени кровната конструкција.

Само со добри услови и добра и систематска работа најтрофејниот клуб во градот ќе може да се врати на старите патеки.

На потег освен ангажираноста на управата на клубот, мора да биде анимиран п бизнис секторот во Општината, а секако и Општина Кочани.

Да се надеваме дека така и ќе биде.

С. Ивановски

35143031_2124409244506523_8950892641512325120_n

35072508_2124409164506531_97633089198489600_n35078142_2124409237839857_7434598001512808448_n

34962151_2124409137839867_2875417537372225536_n

35077777_2124409131173201_3194796665621970944_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари