Невремето што го зафати деновиве Кочани а особено големите дождови го покачија и новото на вода како во речното корито, така и по улиците во градот, што беше причината да се оштетат дел од цевките во речното корито кои служат за одвод на атмосферската канализација.

Според директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров екипи од КЈП „Водовод“ веднаш интервенирале , ги отстраниле дотрајаните и оштетени цевки а на нивно место вградиле нови во должина од четириесетина метри.

Како што појаснија од комуналното претпријатие ова било само еден од неколкуте поголеми дефекти кои настанале како последица на невремето.

Екипите на КЈП „Водовод“ продолжуваат да ги отстрануваат сите дефекти од комунален карактер кои се појавиле на улиците во Кочани како последица на невремето и големите врнежи од дожд.

С. Ивановски

DSCN9964

35463490_236471943796722_75

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари