Читател ни испрати фотографии со молба истите да ги објавиме за да може да го свртиме вниманието на надлежните.

Се работи за малото манастирче „Св. Димитриј“ кое се наоѓа на границата помеѓу „Ромско маало“ и „Трајаново трло“ кое подолг период е на удар на неидентификувани лица а во последно време и на природата.

Како што пишува читателот манастирчето на неколку места е разбиено а во последно време поради силните дождови и поплавено.

Апелира до надлежните, односно до оние под чии ингеренции е манастирчето „Св. Димитриј“ да се преземат мерки  за негова санација како би можело верниците и понатака да го посетуваат.

С. Ивановски

5253

5455

5657

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари