Жителите од улицата „Ѓорѓи Пулески“ или познато ка „Пазарски пат“ немаат навистина среќа.

Откако општината реши да им го поправи колку-толку лошиот пат и да им ги подобри условите за движење на жителите од улицата „Ѓорѓи Пулески“ дојде денешниот дожд, и она што се направи го врати на почеток.

Имено денес беше извршено тампонирање на улицата „Ѓорѓи Пулески“ што ги израдува нејзините жители, но само 3-4 часа подоцна дождот им ја скрати радоста. Надојдените големи количини вода го однесоа тампонот.

Но што е тука е, никој не може да се бори против природата па дури и овие несреќници од улицата „Ѓорѓи Пулески“.

Сепак се надеваме дека Локалната самоуправа ќе собере сили и дополнителни средства она што го започна и да го доврши.

С. Ивановски

6263

64

6766

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари