На 19 јуни во конференциската сала во ресторанот „Амор“ се одржа, третата и завршна сесија од подготовката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Присутните дискутираа по оформените стратешки цели во осум области и ги дефинираа визијата и мисијата за развој на Општината.

Во следната фаза ќе се обработуваат информациите, ќе се стават повторно на увид на јавноста, и по усвојување од Советот на Општината, Стратегијата за развој на Кочани ќе добие и печатено издание.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани што масовно и активно учествуваа во подготовката на овој значаен документ кој ќе биде патоказ во нашето работење во наредниот период“ рече на крајот на сесијата градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.

Стратегијата се изработува низ партиципативен и транспарентен процес со вклучување на сите клучни засегнати страни – јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор и со посебен фокус на родовата интеграција во сите аспекти на процесот.

Целиот процес го водат надворешни експерти од UN Women, организацијата која преку регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа“ ја финансира изработката на Стратегијата за развој на општина Кочани.

Општина Кочани

DSC_0047 (Copy)

DSC_0045 (Copy)

DSC_0043 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари