Денес околу пладне на влезот во Кочани кај кружниот тек кај „Национал“ се случи сообраќајна несреќа во која едно лице било повредено, но како што дознаваме е вон животна опасност.

Во несреќата учествувале мотор „Сузуки GSX“, сопственост на лице од село Тркање и ПМВ „Опел Инсигнија“ со Скопски регистарски таблички, а со повреди се здобил возачот на моторот.

Повреденото лице е пренесено во ЈЗУ „Општа Болница“ – Кочани од каде е префрлено во  „Клинички Центар“ – Скопје.

Се утврдуваат причините за несреќата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари