По девет години пауза во организација на АКК „Примо авј“ од Скопје, со техничка организација на „Здружение на возачите“ – Кочани а под покровителство на Општина Кочани во Сабота и Недела на релацијата Кочани – Пониква ќе се одржи ридско брзинска трка „Пониква 2018“.

Во Сабота во 12:00 часот е организираното поаѓање на патеката, а еден час подоцна е неофицијалниот тренинг. За во 13:30 возачите ќе го имаат официјалниот тренинг.

Во Недела поаѓањето на патеката е закажано за во 10:00 часот за да еден час подоцна возачите имаат неофицијален тренинг. Официјално натпреварот започнува во 13:00 часот а свеченото прогласување на победниците е закажано за во 17:00 часот.

С. Ивановски

P1790099

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари