Демант на текстот

ОД ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ДЕЦИДНИ: НЕМА НЕНАЈАВЕНО ВЛЕГУВАЊЕ ВО „СПОРТСКАТА САЛА“

Пријатно сме изненадени дека авторот на горенаведенот текст не е против унапредувањето на спортот во нашата општина и ако е така немаме никаков проблем. Но, тогаш ќе немаше катанци на вратите на еден спортски клуб.

Не знаeме како дошло да стопанисувачот забележи само до пред некој ден „неовластеното“ влегување на спортисти и спортски работници од споредниот влез кога истиот е направен и постои со реконструкција на Градската спортска сала за таа намена. Во спротивно зошто би постоела врата? Како тоа сега се забележува во момент на најтешките денови за борењето? Зошто до сега немало никакви реакции на ниту еден од стопанствениците без разлика дали тоа е училиштето или локалната самоуправа? Како тоа не знаеле за вратата, а во спортската сала има и парно инсталација кое е поврзана со онаа на големата Градска спортска сала. Зар сето тоа е направено преку ноќ, дивоградба и без знаење на никого? Зар стопанисувачот не забележал дека постои сауна и таа е изградена за потребите на БК Спартак, а се наоѓа на другиот крај од спортската сала? Како без постоечка врата еден борач би пристигнал до сауната? Кафезот, кој се наоѓа на другиот дел од спортската сала, каде што со децении беа сместувани душеците на клубот, а денес служи за некаква остава на се и сешто е исто така правен за потребите на борачкиот клуб е индикатор дека вратата наменски била поставена.

Впрочем спортската сала на БК Спартак Кочани колку за потсетување е изградена од страна на некогашниот кочански индустриски гигант Руен, во време на последната реконструкција и сите детали се предвидени со знаење на потребните власти. Спортската сала е во сопственост на Општина Кочани Борачки клуб „СПАРТАК“ – Кочани и дадена на трајно користење на клубот.

До сега БК Спартак никогаш не бил информиран дека не треба да ја користи вратата на која беа поставени катанците, ниту пак некогаш во минатото, а и до ден денес најодговорно тврдиме дека постоела било каква злоупотреба од страна на членовите на клубот наспроти големата спортска сала. Впрочем салата на БК Спартак е отворена на секој љубител на борењето бесплатно да ја користи. Ова е прв пат да се појави проблем од ваков тип, што се разбира самите читатели ќе заклучат кој го прави проблемот. Ако треба да се стават катанци на вратите, тогаш зошто стопанисувачот не поставил катанци и на вратата на спортската сала од среднто училиште?

БК Спартак неовластено нема спроведувано тренинзи во големата спортска сала. И во времето кога е забележано присуство на спортисти и спортски работници од малата сала до гимназиската, тоа е заради дислокација на душекот за кој беа информирани општинските власти и директорот на средното училиште. Но, тоа не е нешто невообичаено и за прв пат за да се реагира на ваков начин. Тоа не е ниту во духот на спортот и намената на овој спортски објект. Сепак спортските сали се храмовите на спортистите, ако тие немаат пристап, зошто и би постоеле без разлика на тоа кој управува со овие објекти.

За на крај сликата која прикажува скршена квака не е вандалски чин на лица од БК Спартак. Тоа го потврди и лицето за одржување на спортската сала, а вработено во вашето училиште. И самиот констатираше дека кваката е скршена, а незнае од кого. Зошто повторно сомнеж врз борачите? Кому тоа му служи и кои се целите ние не знаеме. Токму таа врата не е ни користена од страна на спортисти на БК Спартак, па зошто и би ја кршеле. До сега долгодецениското присуство на членови на клубот не направиле никаков вандализам и сега зошто тоа би го правеле во присуство на тренерите, претседателот на клубот и дел од спортските работници.

Сметаме дека недоразбирањето излезе од колосек, се решава на начин кој не е ниту примерен, ниту во спортски дух, а сепак и не е толку голем за на ваков начин да се претставуваат работите каде што еден спортски клуб ќе се флека во јавноста како натрапник во нечии простор, заради нечии хирови.

Иако не по наша вина, сепак им се извинуваме на читателите за недоразбирањата кои настанаа.

Кочани,

19 јуни 2018год. Б. К. „СПАРТАК“ – Кочани

Претседател

Звонко Ѓорѓиев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари