Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев оствари работна средба со директорите од основните и средни училишта во општината.

На средбата беа отворени повеќе точки, но како најприоритетни беа состојбите по уписите во првиот уписен рок, формирањето на паралелки и организираниот превоз на учениците.

Директорите и од основните и од средните училишта малите бројки на запишани ученици кои ги исполнуваат критериумите ги засноваат на масовното иселување на младите од општината.

Во двете основни училишта по првиот уписен рок запишани се вкупно 287 ученика а во сите пет основни училишта бројката на запишани е загрижувачка бидејќи таа изнесува вкупно 308 запишани ученика.

Малиот број на ученици го поставува и прашањето што со наставничкиот кадар бидејќи факт е дека паралелките ќе бројат многу помалку ученика од минималниот дозволен број а кадарот ќе си остане ист.

Околу организираниот превоз на учениците постигнат е договор за уште еден состанок со директорите на кој според најавите би се донел заклучок да се плаќа превоз само на учениците кои истиот го користат но не како сега според бројот на ученици.

С. Ивановски

DSC_0001-(Copy)

DSCN0005

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари