В сабота, на 23 јуни 2018 г., на Големиот паркинг кај Трговскиот центар во Кочани ќе се одржи Изложба на автомобили од моделот на фолксваген.

Пред кочанската јавност ќе бидат претставени педесетина модели на популарната „буба“ од цела Европа, со систем на воздушно ладење.

Организатори на настанот се Александар и Влатко Јовановски од Кочани, кои веќе по четврти пат приредуваат ваква презентација на возила во Кочани.

Настанот ќе трае од 12:30 до 15 ч., а во тој период ќе биде затворен за сообраќај потегот од Крушарскиот мост до Шопинг-центарот.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари