Дванаесет нискоквалификувани лица од Кочани, евидентирани во Агенцијата за вработување од понеделник се ангажирани во вршење јавни работи во Комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Нивниот ангажман е за период од 22 работни дена, по четири часа дневно за извршување на работи од комунален ред и од одржување на паркови и зеленило.

Средствата во висина од 8 илјади и 800 денари по лице се одобрени од Агенцијата за вработување.

Лицата се вклучени во проектот за вршење јавни работи преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, чиј носител е Општина Кочани.

Градоначалникот Николчо Илијев денеска се сретна со првата група ангажирани лица и го нагласи значењето на проектот како можност за следни работни ангажмани на нискоквалификуваните кадри.

Наесен, Општина Кочани ќе има можност да аплицира за ангажман на уште дваесет лица за вршење на јавни работи.

Општина Кочани

DSC_0016 (Copy)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари