Денес попладне во 15:38 часот во Територијалната Против Пожарна Единица – Кочани стигнала дојава за избувнат пожар на улицата „Стамен Манов“ број 30 во „Ромското маало“.

Запалена била шупа од која пламените јазици се префрлиле на семејната куќа.

Две возила со тројца пожарникари веднаш пристигнале на местото на настанот и за мошне кратко време го ликвидирале пожарот.

Според првите информации до кои што дојдовме, причина за предизвиканиот пожар е детска игра во која едно од децата ненамерно ја запалило најдената запалка по што избувнал пожар најпрвин во шупата а потоа ја зафатил влезната врата и дел од семејната куќа.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите не дошло до ширење на пожарот.

Причинета е мала материјална штета.

С. Ивановски

4466

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари