Градоначалник на Општина Кочани јавно ги повика граѓаните заеднички да реализираат панел-дискусија на која тој отворено одговараше на поставените прашања.

Настанот беше организиран во „Фоаје 2“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ – Кочани, а на истиот присуствуваа голем број на граѓани од различни професии и различни институции.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев два часа одговараше на поставените прашања од разни области кои ги засегаат граѓаните во општината.

Прашањата во главно се однесуваа на сработеното на градоначалникот во осумте месеци од неговото доаѓање за прв човек на општината, како и за неговите планови за периодот што следува.

Самото организирање на оваа панел-дискусија позитивно беше оценета од присутните бидејќи на неа отворено поставуваа прашања на кои добиваа опширни одговори.

С. Ивановски

DSCN0031

DSCN0028

DSCN0027

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари