По цели девет години Кочани беше домаќин на ридско- брзинска трка која е втора од годинешниот календар во првенството на Македонија.

Се возеше „Пониква 2018“ на која се појавија петнаесет возачи кои се натпреваруваа во пет класи а на крајот најдобри резултати постигнаа возачите на АКК „Никола Карев“ кои освоија вкупно 28 бодови.

На патеката долга 6.3 километри се собраа голем број љубители на автомобилизмот како од Кочани така и од околните општини.

Гостите ги поздрави а воедно трката за отворена ја прогласи Николчо Илијев – Градоначалник на Општина Кочани.

Пред стартот на трката организаторот АКК „Примо авј“ им врачи благодарници на сите што ја подржаа и помогнаа во одржувањето на трката: Општина Кочани, „Руен-Инокс Аутомобиле“ Полициска станица – Кочани, Територијална Противпожарна единица – Кочани и Општа Болница – Кочани.

Победници по категории:

Класа А – 1.150

1.Филип василевски – „Југо“ – АКК „Никола Карев“  4:04.77

2.Александар Георгиевски – „Југо“ – „Custom Car Racing“  4:05.43

3.Никола Попевски – „Југо“ – АКК „Никола Карев“ 4:13.11

4.Мартин Делев – „Југо“ – „Custom Car Racing“  4:14.25

Класа Е1 – 1.600

1.Марио Велковски – „Пежо 106“ – „Custom Car Racing“  4:00.25

2.Филип Џуклески – „Југо“ – АКК „Никола Карев“   4:12.27

3.Христаки Давитковски  – „Југо“ – АКК „Примо авј“  7:45.04

Класа N/SP  – 2.000

1.Даниел Блажевски – „Рено Клио“ – АКК „Примо авј“  3:46.44

2.Давид Малинковски – „Опел Астра“ – „Custom Car Racing“ 3:53.35

3.Дејан Георгиевски – „Рено Меган“ – АКК „Примо авј“ 4:04.83

Класа Е1 – 2.000

1.Југослав Милошевски–„Опел Корса“ – АКК„Никола Карев“ 3:57.71

2.Марко Мишевски – „Опел Кадет“ – АКК „Никола Карев“ 4:07.15

Класа Е1 – +2.000

1,Александар Христов – „БМВ“ –  АКК „Примо авј“  4:08.93

2.Нинослав Петковиќ  – „Хонда“ – АКК „Никола Карев“  5:17.40

Пласман на клубовите:

1.АКК „Никола Карев“ – 28

2.„Custom Car Racing“ – 26

3.АКК „Примо авј“ – 22

С. Ивановски

DSCN0135

DSCN0101

DSCN0171

DSCN0091

DSCN0232

DSCN0191DSCN0209

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари