Виница до крајот на годината треба комплетно да биде покриена со нови контењери и столбни канти. 25 нови контењери деновиве ќе бидат поставени на неколку локации во градот.

„Во тек е акција на замена на контењерите, очекувам до крајот на летото и почетокот на есента да бидат поставени вкупно 60 нови контењери, од кои 25 се веќе набавени, 35 се во фаза на изработка и во текот на есента, покрај градот, и селата треба комплетно да бидат покриени со комунален инвентар. ЈКП „Солидарност“ во интерес на редуцираниот Буџет ќе штеди и на купување столбни канти, кои ќе ги изработува во сопствените механичарски работилници, со што очекува и поголеми заштеди, и почист град“ – изјави Игорчо Христов – Директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница.

Инаку, на почетокот на пролетта, комуналното претпријатие

„Солидарност“ ги освежи зелените површини во градот со поставување 50 столбни канти за отпад, како потсетување за нашата еколошка одговорност кон јавните површини.

Општина Виница

DSC_0528

DSC_0534

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари