Во „Фоаје 1“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани денес беше отворена изложбата „Графики од јапонски мајстори на дрворези од 17-тиот век“.

Поставени се 28 копии од јапонски графики на јапонските уметници верификувани како исклучителни УКИЈОЕ (лебдечки свет) уметници не само во Јапонија, туку и надвор од неа.

Голем број од нивните дела се наоѓаат во светските реномирани музеи а поголем дел се наоѓаат и во „Националниот музеј“ во Токио и истите се прогласени за културно наследство на Јапонија од исклучителна вредност.

Карактеристично за оваа уметност е што јапонските мајстори на своите графики ги поставувале само убавите жени, сумо борачите и портрети од воините. Тие се опседнати од женската убавина воопшто, свртени се кон сликање на убавици во издолжени фигури, богати кимона и ликови од театарските претстави.

На отворањето на изложбата која е во организација на НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани во соработка со ЛУ Музеј на град Скопје и Амбасадата на Јапонија во Република Македонија, освен Директорот на НУЦК „Бели Мугри“ м-р Александра Димитрова присуствуваа и г-ѓа Кеико Ханада – амбасадор на Јапонија во Република Македонија, Јасминка Намичева – кустос советник архитект во музеј на град Скопје и  Николчо Илијев – Градоначалник на Општина Кочани,

Изложбата ќе биде отворена до 02.Јули 2018 година.

С. Ивановски

DSCN0356

DSCN0361

DSCN0268

DSCN0270

DSCN0272

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари