Судискиот актив при ОФС – Кочани денес одржа состанок на кој се разговараше по неколку точки од дневниот ред.

Најпрвин беше констатирано дека на поголемиот број на судии не им се исплатени судиските такси и патни трошоци за последните 7 (седум) кола во Третата Фудбалска Лига – Исток. Бидејќи не се работи за мала сума на средства истите потенцираат дека своите побарувања ќе ги наплатат по судски пат.

На состанокот беше дебатирано за симнатите судии (Спире Арсов и Александар Ангелов) и контролори (Атанас Кушевски, Јордан Гицов и Сашко Ангелов) од листата на Првата и Втората Фудбалска Лига, како и за исфрлувањето на Сашко Ангелов од Судиската Комисија при ФФМ и наместо на негово место да дојде член од ОФС Кочани во Комисијата се кооптира Ванчо Коцев од ОФС Штип.

Како што беше на крајот од состанокот подвлечено, оштетените судии и делегати од Третата Фудбалска Лига – Исток при ОФС – Кочани веќе ангажирале адвокат кој ќе ги застапува во судискиот процес се со цел она што им следува и да го добијат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари