Три медали освоија борачите на „Спартак“ од Кочани на „Државното првенство за јуниори“ кое изминатиот викенд се одржа во Скопје.

Освоени се еден сребрен и два бронзени медали во конкуренција во која најуспешни беа борачите на „Лирија“ пред „Балканец“ и „Тефејуз“.

Сребрениот медал го освои Леон Трајанов во категоријата 74 килограми а во истата категорија Васе Нисов дојде до бронзениот медал.

Со бронза се закити и  Андреј Антов во категоријата 86 килограми.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари