На 12-тата седница на Советот на Општина Кочани меѓу другото се дискутираше и за немањето сообраќајна култура, па некои наши сограѓани со цел да го избегнат плаќањето на паркинг просторот најчесто своите возила ги паркираат на тротоарите и на дел од градските тревни површини.

Ова особено е изразено на потегот од мостот кај „Шопинг центарот“ до „Кружниот тек“. Откако на оваа улица се донесе одлука повторно да се вози во двете насоки, сопствениците на возилата кои своите гаражи ги претворија во комерцијални простории за инает на оние кои ја донесоа ваквата одлука почнаа да ги паркираат своите возила на тротоарите а најчесто и на они мали тревни површини долж улицата.

Ваквото непрописно паркирање го гледаат сите граѓани, само не оние кои треба да го видат и да поднесат соодветна прекршочна пријава – полицијата.

Иако и од говорницата на Советот на Општина Кочани јавно беа повикани полициските службеници да почнат да си ја вршат својата работа, тие и понатаму се однесуваат како ништо д не гледаат, најважно од се е да им минува стажот.

Освен полицијата никаде ги нема ниту екологистите чија задача е да преземат нешто за да ги сочуваат зелените површини кои се помалку ги има во градот.

Сепак дознаваме дека деновиве се организирала помала група на  граѓани кои направиле повеќе фотографии за непрописното паркирање и паркирањето на тревните површини кои ќе ги испратат до надлежните и дека ќе бараат решавање на проблемот од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

С. Ивановски

DSCN0369

DSCN0373

DSCN0376

DSCN0379

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари