Врз основа на член 19 став 2 од Статутот на општина Виница („Сл.гласник на општина Виница бр.8/2010, 12/2014“) и член 33 и 41 од Деловникот на Советот на општина Виница („Сл. гласник на општина Виница број 10/05,10/10“), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување 10-та редовна седница на Советот на општина Виница 1.10-та редовна седница на Советот на општина Виница ја свикувам на ден 29.06.2018 година со почеток во 11,00 часот во салата за состаноци на 4-ти кат. Пред утврдувањето на Дневниот ред, најнапред ќе се изврши усвојување на Записникот од 9-та седница на Советот на општина Виница одржана на ден 30.05.2018 година.

За оваа седница го предлагам следниот:

Д н е в е н     р е д

1.Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Виница за 2018 година;

2.Барање мислење за измена на Годишен план за вработување на општина Виница за 2018 година;

3.Предлог-Листа на кандидати за членови и Претседател на ОСБСП – Виница;

4.Предлог-Решение за избор на членови на Локален младински Совет на Општина Виница;

5.Предлог-Одлука за продолжување работното време на угостителските објекти на подрачјето на градот Виница;

6.Предлог-Одлука за престанок на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти на територијата на општина Виница „ВИН-СПОРТ-Виница;

7.Предлог-Одлука за именување на Ликвидатор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти на територијата на општина Виница „ВИН-СПОРТ-Виница;

8.Предлог-Одлука за давање на користење на недвижен имот-објект во Виница, на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Виница;

9.Барање од ОУ „Славчо Стојменски“-Виница за избор на двајца претставници во Училишен одбор; (Предлог-Решение за разрешување и престанок на мандатот на членови на Училишниот одбор на ОУ „Славчо Стојменски“-Виница;

10.Предлог-Решение за именување членови на Училишниот одбор на ОУ „Славчо Стојменски“-Виница;

11.Информација за спроведување на пролетната сеидба во општина Виница во 2018 година;

12.Информација за состојбата на невработеноста во општина Виница за 2017 година;

13.Информација за снабденоста со вода за пиење и одржување на водоводите во општина Виница до јули 2018 година;

14.Информација за снабденоста со вода за пиење и одржување на водоснабдување во с.Блатец со предлог мерки за решавање на проблемите од тој аспект;

15.Извештај за здравствена безбедност на водата за пиење во с.Градец, с.Истибања;

16.Барање од Златко Димитров од с.Истибања за еднократна парична помош;

17.Барање од група граѓани од с.Виничка Кршла за обновување на дренажата на водоводот во с.Виничка Кршла;

18.Предлог-Програма за одбележување на Павловден 2018 година;

19.Предлог-Програма по повод 30-ти август, денот на ослободувањето на Виница;

20.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Марјан Велинов од с.Трсино, Виница;

21.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Даниел Насков ул.„Моша Пијаде“ број 18 Виница;

22.Разгледување и донесување на Одлука по Барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект на Барателот Благој Јанкулов од с.Блатец Виница;

23.Советнички прашања.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ВИНИЦА

Претседател,

М-р Тони Велков с.р.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари