Во конкуренција на 60 екипи распоредени во генерациите од 2005 до 2010 година, фудбалерите на „Фудбал Старс“ од Кочани – генерација 2006 го освоија второто место на Меѓународниот фудбалски турнир „Езерски бисер 2018“ кој од 22-27 Јуни се одржа во Струга.

Со четири победи и еден пораз фудбалерите на „Фудбал старс“ завршија како втори во својата група што претставува еден голем успех.

По победите над „Караорман“ 7:1, „Академија Нацев“ 3:0, „Албион“ 2:1 и „Фиор“ 5:0 дојде поразот од екипата на „Форца“ (Скопје) 1:5.

Со вкрстувањето со победникот од другата група кочанчани се избори за големото финале каде повторно беа поразени од „Форца“ и на крајот се закитија со пехарот наменет за второто место.

Овде не завршуваат летните натпревари за „Фудбал старс“, напротив тие планираат да учествуваат уште на неколку турнири за да поспремни го дочекаат стартот на првенството.

С. Ивановски

36310039_10217049201325209_36321460_10217049200805196_

36242397_10217049201245207_

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари