Денес на страната на ФФМ (Фудбалска Федерација на Македонија) се објавени Листите на клубовите за натпреварувачката 2018/2019 година во Првата и двете Втори лиги.

На листата во Втората Лига – Исток не се најде името на „Осогово“ што значи дека кочанчани наредното првенство повторно ќе играат во Третата Фудбалска Лига – Исток.

Од минатото првенство го нема името на „Беласица“ од Струмица која избори пласман во Првата Фудбалска Лига, а нови екипи во втората Лига – Исток се: Вардар (Неготино), „Детонит Јуниор“ (Радовиш), „Кит Го Пехчево“ (Пехчево)  и „Партизан“ (Обршани) кои со минатогодишните „„Борец 1919“ (Велес), „Брегалница“ (Штип), „Тиквеш 1930“ (Кавадарци), „Каменица Саса“ (Македонска Каменица), „Плачковица“ (Радовиш) и „Кожуф“ (Гевгелија) ја сочинуваат  второлигашката листа на истокот.

Првенствените натпревари во двете втори лиги започнуваат на 18.08.2018 година.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари