Во организација на „Центарот за развој на Источен плански регион“ и „Обласна Администрација“ – Благоевград денес во Ресторан „Амор“ во Кочани беше одржана завршната прес конференција на проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина – ГРЕЕН“.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги поздрави присутните а за проектот свое обраќање имаа Бисер Михаилов – Обласен Управител на Благоевград и Драгица Здравева – Раководител на Центарот за развој на Источен плански регион.

Презентација за постигнатите резултати во рамките на проектот „ГРЕЕН“ имаше д-р Денис Жерновски – Тим лидер.

Од половината средства од проектот чија вредност изнесува 408.680 Евра а кои и припаднаа на Општина Кочани извршена е реконструкција на општинската зграда заради зголемување на енергетската ефикасност, при што е добиено унапредување од Д во Б класа.

Самиот проект е финансиран од страна на ЕУ во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

С. Ивановски

DSCN0413

DSCN0400

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари