Во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани вечерва беше промовирана книгата „Белиот трофеј“на авторот Блаже Аризанков.

За значењето на книгата како и за нејзината содржина зборуваше нејзиниот модератор Стојан Рашков.

Самата книга претставува бизнис патешествие на Аризанков по неговото заминува од Македонија во Индија, каде во 2015 година ја основа компанијата „Stay Uncle“ која за мошне краток период прераснува во една од деветте најуспешни компании во Индија.

Вистинска штета преставува малата посетеност за време на промоцијата на оваа книга која има содржина од која многу млади генерации можат да научат многу.

С. Ивановски

36302509_10216296700232878_5078416317732618240_n

36361375_10216297619935870_1660008480561430528_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари