ПСК „Осогово” Кочани веќе традиционално секоја година по повод празникот на градот Кочани Петровден, организира планинарски марш со учество на планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.
Оваа година за првпат маршот ќе се одвива до локалитетот Раткова Скала со н.м. од 1250 метри. Стартот на маршот ќе биде од селото Пантелеј кое се наоѓа на 12 км. од градот Кочани и до него води асфалтиран пат и се стигнува за 20 минути. Должината на патеката во еден правец изнесува 10,5 километри и се стигнува за околу 3 часа.

Ова воедно ќе биде и промоција на оваа планинарска патека која во изминатиот период од страна на ПСК „Осогово“ – Кочани беше целосно исчистена, трасирана и маркирана со повеќе знаци и патокази. Патеката е целосно маркирана и до двата правци и се обележани и повеќето места каде попатно се наоѓа питка вода за пиење.
Тежината на патеката е средно лесна и може да земат учество сите вљубеници во планината.

Самиот локалитет Раткова Скала кој е единствен од ваков вид на Осоговските Планини, со својата грандиозност нуди пејсажи од кои застанува здивот.
Од самата Раткова Скала се шири извонреден видик кон Кочанската котлина.

(Легендата за овој локалитет вели дека во многуте пештери во таа скала имало орлови гнезда каде се изведувале мали орли, а во некои имало пчели. Се претпоставувало дека таму биле закопани и многу богатства од античко време. Мештаните од тој крај раскажувале дека оваа скала го добила името по некој Ратко кој често се качувал во пештерите да вади мед. Секој ден останувал се подолго и подолго. Тие го предупредувале да не јаде многу мед, за да не му се слоши. Му викале: – Јади, јади Ратко додека ти е слатко! Еднаш прејал, па му се слошило и паднал во провалијата, од височина од околу 300 м. По него останало името Раткова скала.)
Датум: 08.07.2018 (недела)
Време на поашање: 07:00 часот
Стартно место: Манастир Св.Пантелејмон, село Пантелеј
За сите учесници е обезбеден традиционален планинарски ручек во манастирскиот комплекс.
Секој да си понесе прибор за јадење.
Клубот има обезбедено превоз од Кочани до с.Пантелеј за сите оние кои ќе немаат превоз.

Поаѓање од градскиот плоштад во Кочани во 06:00 часот.
Пријавете го вашето учество најдоцна до 04.07.2018 заради подобра организација!
Доколку има заинтересирани за пристигнување во сабота и сместување во манастирскиот комплекс ќе добиете подетални информации од пријавените лица за контакт.
Лица за контакт:
Тошо Антов 078-270-724 Методи Георгиев 078-203-047 Мирче Ефремов 078-389-909

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари