Додека го следевме натпреварот „Хрватска“ – Данска“ во друштво на неколку спортски работници, најпрвин се појави еден од бившите членови на ОФС – Кочани со задача да лобира за некакви смени во фудбалските органи при ОФС – Кочани.

И додека течеше натпреварот а траеше и натегањето, што и како, по имеил им стигна порака за некаков состанок на членовите на судиската организација при ОФС – Кочани со следната содржина:

„Почитувани, По појавата на некои информации во локалните медиуми, Претседателот на трета лига исток свикува состанок со членовите на судиската организација при ОФС Кочани.

Состанокот се закажува во вторник (03.Јули 2018 г.) со почеток во 19.00 часот во ресторан АЛЕ Дар – Кочани. ТРЕТА ЛИГА ИСТОК  Претседател Владо Андов“.

И овде во пораката ништо не е спорно, освен што состанокот на членови на судиската организација при ОФС – Кочани го закажува Претседателот на Трета Лига Исток, а не Претседателот на Судискиот актив при ОФС Кочани како што е напишано во Правилникот за судии и судење при ФФМ.

Со ова уште еднаш се потврди дека некои самонаречени фудбалски работници, или фудбалски моќници прават и понатака што ќе им текне на умот. До каде е нивната граница на арогантноста и на самоволието.

Но едно е јасно во сета оваа ујдурма. Очигледно некого го погоди информацијата што произлезе од состанокот на Судискиот актив при ОФС – Кочани дека на судиите не им биле исплатени таксите и патните трошоци за последните седум кола во Третата Лига Исток (во меѓувреме за три кола се исплатени) иако на сите екипи им беше овозможен настап во првенството што значи дека тие ја платиле котизацијата. Ако е така, зошто нема пари за судиските такси и патните трошоци?

Се надеваме дека многу бргу ќе мора некој да го даде одговорот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари