Со натпреварот „Бања“ – „Карбинци“ и официјално беше подигната завесата на 46-тото издание на „Илинденски Спортски Игри – Чешиново 2018“.

Настанот започна со сплет на Македонски песни и ора во изведба на Културно Уметничкото Друштво „Китка“ од село Истибања. За значењето на игрите свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Горанчо Крстов кој воедно ги прогласи игрите за отворени.

По интонирањето на химната на Република Македонија спортскиот дел започна со натпреварот „Бања“ – „Карбинци“ во кој поуспешен беше минатогодишниот победник на турнирот „Бања“ кој славеше со 2:1 (1:0).

Натпреварот по слободна проценка се одигра пред околу 800 гледачи, меѓу кои беа и Градоначалниците на општините Виница, Карбинци и Делчево.

Следниот натпревар „Облешево“ – „Крупиште“ е закажан за во Среда (04.07.2018 година) со почеток во 18:00 часот.

С. Ивановски

DSCN0448

DSCN0449

DSCN0518

DSCN0513

DSCN0536

DSCN0549

DSCN0434

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари