По повод годинешното 11-то издание на „Петровденски конаци 2018“ а воедно и по повод прославата „50 години постоење ЦК „Бели Мугри“ – Кочани“, во ЦК „Бели Мугри“ – Кочани на програмата ќе бидат поставени повеќе културни настани (музички, ликовни, театарски, литературни и сценско-ритмички) кои започнуваат на 05 Јули и ќе траат до 12 Јули.

Манифестацијата свечено ќе биде отворена во Четврток (05.07.2018 година) со почеток во 20:45 часот, а половина час подоцна следи Концерт насловен „Музика за флејта и пијано“  – вечер на Македонски автори: Златка Митева – флејта и Наташа Трбојевиќ – пијано.

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари