На денешната седница, Одборот за доделување награди на Општина Кочани гласаше по предлозите пристигнати на повикот.

Најмногу гласови од трите пристигнати предлози за Наградата за значајни остварувања во развојот на општината, доби компанијата „Антура МК“. Во конкуренција за оваа награда беа и предлозите за Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари и за афористичарот, основач на Здружението Афористичка репрезентација на Македонија и организатор на културни настани – Јане Атанасов.

Во образложението на предлогот за „Антура МК“ беше истакнато дека компанијата всушност претставува најголемата лабораторија за растенија на Балканот, со размножување во „ин витро“ услови, во која се ангажирани 530 вработени.

Во отсуство на претходно доставени предлози за Наградата за животно дело, членот на Одборот, Славчо Ивановски го предложи вокално-инструменталниот состав „Тенеси“ за оваа награда. Во писменото образложение што Ивановски го презентираше пред

Одборот, беше нагласено дека се работи за музичка група од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век која оставила значаен печат на културно-забавниот живот во Кочани.

Наградите, од годинава и двете во форма на плакети, ќе бидат доделени на свечената седница што Советот на Општина Кочани ќе ја одржи на 12 јули во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток во 11:30 ч.

T-22T-27

DSCN8623DSCN8626

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари