Во Четврток со свеченото отворање кое е закажано во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани,  со почеток во 20:45 часот и официјално започнува 11-тото издание на Културно-забавната манифестација „Петровденски конаци 2018“.

Веднаш по свеченото отворање закажан е концертот „Музика за флејта и пијано“ – вечер на македонски автори, Златка Митева – флејта и Наташа Трбојевиќ – пијано.

Во Петок на програмата е „Ликовен перформанс“ кој ќе се одржи во „Западното крило“ при ЦК „Бели Мугри“.

Во Сабота за во 19:30 часот е закажана Поетска вечер „На Јановден на конак“, а во 22:00 часот на „Летна тераса“ во истиот објект започнува ХИП-ХОП концерт на кој ќе земат учество: „Чиста околина“, „Токсиколози“ и „MartiX & DJ Master G“.

Во Недела на „Летна сцена“ ќе се одржи „Петровденски фолклорен концерт“ а од 21:00 часот во „Западно крило“ „Играј со мене“ – Школа за модерен танц.

Понеделник во „Етно куќа“ се „Бабини ноќви“ а водител на разговорот е д-р Зоранчо Малинов.

Во Вторник во салата на ЦК „Бели Мугри“ со почеток во 20:00 часот е театарската претстава „Пеликан“ а во 22:00 часот во „Паркот на Револуцијата“ е закажан музичкиот концерт „Fighting Windmills“.

Среда во „Сала на Советот на Општина Кочани“ со почеток во 10:00 часот е закажан прием на градоначалникот со наградените ученици од основните и средните училишта. Во 19:00 часот е Финалето на “Петровденски турнир во мал фудбал“, а во 20:00 часот „Духовна академија“ со Црковен хор и етногрупа „Портал“.

Манифестацијата завршува во Четврток (17 Јули) кога се поставени три настани: 08:00 часот „Свечена божествена литургија“, 10:30 часот „Литија и кршење на петровденскиот колач“ (парк на Револуцијата) и 11:30 часот “Свечена седница на Советот на Општина Кочани“ (Мултикултурен Центар).

С. Ивановски

Plakat Petrovdenski konaci

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари