Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, Општина Кочани го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните и институциите на Кочани дека на ден 10.07.2018 година (Вторник) од 04:00 до 08:00 часот наутро, стручни екипи на Друштво за авио услуги „Бониер“ ДООЕЛ Куманово ќе ја спроведе втората фаза од авио третирањето против комарци.

Авио третирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрено од „Биро за лекови“. Со авио третирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.

Граѓаните кои одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Доколку имаме неповолни временски услови (ветар, дожд) третирањето ќе се одложи за наредниот поволен ден.

Третирањето ќе се изведува со препаратот AURODIL – SUPER PB.

Дополнителни информации во Општина Кочани:

Тел: 076/397-053 Александар Велков.

Општина Кочани

Лета Георгиевска

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари