Во организација на Општина Виница годинешната манифестација „Павловден“ која се одржува во периодот 09-13 Јули ќе биде богата со голем број на културно-забавни манифестации, кои во летниот период ќе претставуваат разонода за виничани.

Особено богата програма е предвидена во деновите Четврток и Петок (12 и 13 Јули).

Прославата започнува во Понеделник на 09 Јули во 20:00 часот кога на платото пред ДК „Тошо Арсов“ кога концерт ќе одржи „Македонски Брас квартет“

Во Вторник во 20:00 часот на програмата е концерт „Филип Динев трио“ .

Претставата за деца „Театар на сенки“ е закажан за во Среда во 20:30 часот.

Во Четврток  е предвидена богата програма која ќе започне во:

11:00 часот – Свечено доделување на дипломи на матуранти од СОУ „Ванчо Прке“

19:00 часот – Концерт на духовна музика – Хор „Св. Јован Кукузел“

21:00 часот – проекција на филм „Исцелител“.

Во Петок настаните започнуваат во 10:30 часот а завршуваат во 20:00 часот.

10:30 часот – Литија и подигање на Славски колач

11:00 часот – Свечена седница

12:00 часот – Промоција на книга „Архаизми од Виничко-Оризарскиот регион“ на Ангел С. Богатиновски.

20:00 – Концерт на Етно група „Љубојна“.

С. Ивановски

36642808_10157498670131729_9101667885050232832_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари