Изминатиот викенд се одржаа натпреварите од 3-тото коло во „Првата Крапска Лига“, а локацијата беше езерото „Суки“ во Република Бугарија.

Екипата на „Dream Makers“ од Кочани за прв пат како што истакнуваат имале натпревар на вака тешка вода на која се ловело на дно и „зиг риг“ и со многу тешки позиции од кои на нивна жалост им се паднале оние најтешките во трите сектори.

Иако имале проблем со позициите сепак ловеле како што знаат и умеат за да во второто коло направиле улов од 70 килограми риба со што поставиле рекорд на таа позиција.

Во третото коло ловеле на најтешката позиција во сектор Ц на која исто така имале добар улов со што натпреварувањето во третото коло го завршиле на одличното 3-то место со што се искачиле на мошне високото седмо место во генерален пласман.

Сите овие резултати покажуваат дека екипата има солидни настапи кои се случуваат во континуитет.

Се надеваат дека во ист стил ќе продолжат и понатака и дека во секој нареден настап ќе се искачуваат едно скалило погоре.

Да се надеваме дека така и ќе биде.

С. Ивановски

42

4345

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари