Невремето што го зафати Кочани во попладневните часови предизвика штети на објекти во „Индустриска зона“ како и на делови од Магистралниот пат.
Како што ни пишуваат наши сограѓани проблемот кој подолг период е присутен повторно се јавил кај надвозникот на излезот од Кочани. Додека дел од вработените чекале превоз, од шахта излегувала вода на самиот пат со непријатна миризба.
Ништо подобро не поминале и дел од објектите што се над самиот магистрален пат во „Индустриската зона“.
Водата која што доаѓала од каналите од ридот се излевала бидејќи одводните цевки се со мал пречник и не биле во можност да ја соберат па за тоа исе поплавени дел од објектите кои како што се гледа на нашите фотографии пливаат во вода.
Овој проблем не е од неодамна, тој трае веќе подолг период, односно со непланското градење на објекти во последните неколку години, а непријатната миризба како што дознаваме е наталожувањата што се појавиле во цевките како последица на исфрлање на јаловината уште од времето на „Руен“ експозитура „Кочани облоги“ која беше во непосредна близина.
Овој проблем кој ги засега граѓаните и вработените во неколкуте компании во околината особено после врнењето на вакви дождови ќе треба да се изнајде начин за да се реши, но се одеднаш евидентно е дека е неможно.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.