Денес попладне околу 16:00 часот на Магистралниот пат Кочани – Делчево во близина на круната на браната Калиманци се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице е потешко повредено.

Во сообраќајната несреќа учествувале Товарно моторно возило, марка „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и патничко моторно возило „Опел Аскона“ со кочански регистарски таблички.

Во сообраќајката потешко е повреден возачот на „Асконата“ чиј идентитет засега не е познат а кој поради сериозноста на повредите итно е префрлен во Општа болница – Кочани од каде е префрлен на клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје каде лекарите се борат за неговиот живот.

На местото на настанот увид вршат полициски службеници и јавен обвинител, а сообраќајот од Кочани кон делчево е затворен во двете насоки.

С. Ивановски

72

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари