Со натпреварите што се одиграа на двeтe игралишта – на локацијата кај Гимназијата и на улицата „Скопска“, синоќа започна „Петровденскиот турнир во мал фудбал“.

Пред почетокот, екипите ги поздрави градоначалникот Николчо Илијев, кој ги повика учесниците на фер-плеј, дружење и уживање во спортските натпревари.

На натпреварите што се одиграа на игралиштето кај Гимназијата беа постигнати следните резултати:

Такси Џокер – Пазл Штип – 1: 2,

Уни паб – Антура – 5:0;

Кофи хаус – Паблик Бет Делукс – 6:1;

Екстра фунги – Грга Транс – 2:3;

Клариса Балкан – Генекс – 3:0.

72

Еве ги и резултатите на натпреварите што се играа на игралиштето на „Скопска“:

Мега Спорт – Спортисти – 1:4;

Деликатес – Амфенол – 5:2;

Шери – Олимпик – 3:0;

Балкан Лукс – Филип интернационал – 1:4;

Ледер – ИНТ – 6:1.

73

Според распоредот, вечерва на теренот кај Гимназијата ќе се сретнат:

19 ч. – Олимпик – Деликатес;

20 ч. – Амфенол – Мега спорт;

21 ч. – ФК Спортисти – Шери казино;

22 ч. – Ледер – Меџик;

23 ч. – Балкан лукс – ИНТ.

На игралиштето на „Скопска“, ќе играат:

19 ч.: Уни паб – Фабијан;

20 ч. – Екстра фунги – Антура;

21 ч. Паблик & Делукс – Клариса Балкан;

22 ч. – Пазл Штип – Кофи Хаус;

23 ч. – Генекс – Такси Џокер.

Општина Кочани

74

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари