Локалите во Кочани работат според законот, е констатацијата по извршената контрола во ноќните часови од инспектори на УЈП во придружба на полициски службеници.

Во петокот после 22:00 часот инспекторски службеници од УЈП во придружба со полициски службеници ги контролираа локалите во градот, особено во ГТЦ и во некои населени места во околината на Кочани.

Дознаваме дека во градот службените лица на УЈП не констатирале никакви неправилности освен во два објекти во населените места во околината на Кочани каде се забележани мали аномалии при работењето.

Во речиси сите контролирани локали нема забележано присуство на малолетни лица, освен во еден каде е забележано присуство на само 2-3  малолетни лица.

Дознаваме дека во летниот период вакви и слични контроли ќе има се со цел да се воспостави законско работење.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари