Како што дознаваме, еден од најталентираните играчи во Македонија до 18 години возраст Јован Манев кариерата реши да ја продолжи во Штипскиот второлигаш „Брегалница“.
По дефинитивните сознанија дека „Осогово“ од следното првенство ќе се натпреварува во Трета Лига Исток, за овој млад и доста талентиран играч интересот го пријавија повеќе екипи.

Најбрзи и најкоректни беа од Штипска „Брегалница“ па Манев од денес веќе е на подготовки со новата екипа.

Играњето во екипа од повисок ранг за Јован Манев ќе претставува усовршување на неговата игра што нема да остане незабележителна од страна на селекторот н Репрезентацијата на Македонија У-18 Добринко Илиевски кој сериозно смета на неговите услуги. Минатата година Манев  забележа неколку настапи во Репрезентацијата на Македонија У-18 под водството на селекторот Добринко Илиевски.

С. Ивановски

DSCN0311

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари