Вечерва од 20:00 часот на платото пред Домот на културата, концерт ќе оддржи Македонскиот брас квартет како увертира во петдневната Павловденска програма.

Квартетот е составен од четворица колеги, вработени во Македонска Опера и Балет во состав: Стојанче Косовски труба, Александар Златески труба, Горан Јанев хорна, Владан Дробицки тромбон.

Тие ќе ни понудат една концертна вечер со богата програма од познати класични дела на Кларк, Хендел, Џузепе Верди, Равел, Корсаков, Моцарт, Џоплин и други композитори.

Концертот е во организација на Домот на културата “Тошо Арсов“, Виница.

Утревечер во 20.00 часот на истата локација настап ќе имаТриото Филип Данев.

Концертот предвидува изведба на модерна и традиционална џез музика. Дел од композициите се авторски и за прв пат ќе бидат изведувани во Виница, а дел се познати џез стандарди. Триото е составено од Пенче Кралев – контрабас, Виктор Филиповски – тапани и Филип Динев – гитара.

Се работи за едни од најактивните џез музичари од новиот џез бран во Македонија.

Општина Виница

36724791_2042408192678087_7387431611265974272_o

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари