Во рамките на проектот „Сите сме дел од ова општество” имплементиран од здружението „Романо Вило” – Кочани, грант на „Национален Ромски Центар“ – Куманово и „Паблик“ – Скопје, финансиран од страна на Делегацијата на Европска Унија се одржа првата од трите најавени интерактивни, креативни, иновативни и аудиовизуелни работилници.

На работилницата која се одржа во хотел „Але-Дар“ во Кочани присуствуваа 20 ученика, од двете основни училишта „Раде Кратовче” и „Малина Попиванова”, како и ученици од средното општинско училиште „Гошо Викентив”-Кочани.

За време на работилницата координаторот на проектот Љупка Анастасова ги претстави целите и активностите на проектот „Сите сме дел од ова општество”.

На оваа работилница учествуваше и експерт од областа на правото, г-ѓа Елизабета Илиева  која на креативен начин низ игра, цртање и заедничка дружба  ги запозна учениците со основните човекови права.

Она што им беше потенцирано на учениците за време на работилницата  е да станат свесни дека тие се раѓаат со права што треба непречено да ги уживаат и во случај на нивно прекршување да знаат каде и како да ги заштитат. Потребно е да ги запознаат своите права, каде и како да ги остварат, но и да бидат свесни за својата одговорност.

За време на работилницата учениците заеднички проследија и едукативен документарен филм на тема човекови права, а по неговото завршување следуваше дискусија.

Со одржување на една ваква работилница се очекува да се постигнат позитивни промени во општеството.

20180710_111653

20180710_114605

20180710_123435

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари