Каква коинциденција, со стартот на полуфиналето од годинешното Светско првенство во фудбал, со прославата на Петровден, вечерва во Кочани, во „Буре бар“ се случи настан кој го привлече вниманието на голем број кочанчани а кои по посетата не останаа рамнодушни со своите коментари.

Имено вечерва на терасата во „Буре бар“ неколку наши сограѓанки направија изложба на рачни умотворби.

Она што тие го презентираа а го изработиле на еден вешт и мошне креативен начин, го привлече  вниманието на сите оние што вечерва дојдоа, а ги имаше  навистина во голем број.

Се она што беше поставено има своја вредност, и покажа дека нашите сограѓанки се навистина креативни.

Приложените фотографии јасно го отсликуваат она што беше вечерва поставено.

С. Ивановски

DSCN0739

DSCN0724

DSCN0737

DSCN0732

DSCN0730

DSCN0727

DSCN0736

DSCN0734DSCN0722

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари