Пенче Кралев – контрабас, Виктор Филиповски – тапани и Филип Динев – гитара, двајца студенти и професор, џез комбинација која аплаузот на публиката заслужено ја враќаше на сцена.

Релативно нов состав, но со високо професионален настап кој се должи на интензивни, повеќечасовни тренинзи, вели Филип Динев .  „Триото е формирано неодамна, свириме познати џез стандарди во наши аранжмани, вечерва настапивме и со две мои композиции. Настапуваме секаде каде сме поканети и сметам дека нашите концерти ги правиме на едно академско ниво, онака како што и доликува на професионални музичари“.

После два вечерни концерти од Павловденскиот репертоар, третата вечер е резервирана за најмладата популација која ќе има можност да биде дел од отворениот Театар за деца како идеја на двајца актери – Нина Максимова и Благојчо Стојанов (дипломирани актери на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје).

Општина Виница

DSC_0544

DSC_0555

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари