Вечерва, со почеток во 19 ч. во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи Духовна академија по повод патрониот празник на Кочани, Петровден.

Во првиот дел ќе настапат црковните хорови „Св. Лидија Македонска“ при Лесновскиот манастир и „Св. Климен Охридски“ при црковниот храм „Св. Климент Охридски“ од Штип, како и женскиот црковен  хор од Скопје кој го негува византиското пеење.

Специјални гости во вториот дел од програмата ќе бидат Марјан Јанкоски и неговата група „Портал“.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари