По повод празникот на градот „Петровден“, денес во салата на Советот на Општина кочани, Градоначалникот Николчо Илијев приреди прием за 54 ученици од средните, основните и музичкото училиште кои изминатата година освоија награди на државните и меѓународните натпревари.

Беа наградени и учениците од „Роботика“ кои годинава учествуваа на Светското првенство во САД.

По поздравниот говор, Илијев на сите наградени ученици им врачи награди и признанија од Општина Кочани.

Општина Кочани како и во изминатиот период така и годинава посебен белег им даде на учениците – првенците на генерацијата и на учениците наградени на домашни и меѓународни натпреварувања.

Првенците во генерацијата од средните и основните училишта во општината добија ваучер во висина од 6.000,00 денари а во соработка со збратимениот град Крижевци (Република Хрватска“ тие и годинава ќе имаат летен одмор со првенците на генерацијата од збратимениот град.

С. Ивановски

DSCN0849DSCN0902

DSCN0887DSCN0892

DSCN0868DSCN0897

DSCN0856DSCN0858

DSCN0845

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари