Кипар, Романија и Италија учествуваа при реализацијата на проектот „Доживотна Математика“ која како дел од програмата „Еразмус +“ започна со неговата реализација денес во просториите на СОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.

Откако гостите присутни на овој проект беа пречекани на стариот македонски начин, Директорот на средното општинско училиште од Кочани Игор Христов ги запозна со историјатот на училиштето домаќин а Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев откако истакна дека е задоволен што Кочани е домаќин на еден ваков проект, им посака на присутните плодна и успешна работа.

Заедничкото дружење и работењето на професорите ќе трае до 14-ти овој месец а секако дека главна тема на целокупното работење ќе биде математиката како еден од најглавните предмети во образованието.

Проектот е дел од програмата „Еразмус +“ а истиот е финансиски подржан од „националната агенција“ на Република Македонија и „Европската комисија“.

С. Ивановски

DSCN0782

DSCN0764

 

DSCN0791

DSCN0792

DSCN0815

DSCN0814

DSCN0744

DSCN0806

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари