Во присуство на голем број верници како од Кочани, така и од околните места, денес во „Паркот на Револуцијата“ пред чешмата со фреските на Свети Петар и Павле по повод празникот на Општина Кочани „Петровден“, беше осветен и поделен на присутните Петровденскиот колач.

Петровденскиот колач го освети Митрополитот Брегалнички, Владиката Иларион, а на церемонијата освен Градоначалникот на Општина Кочани присуствуваа и гости од другите општини кои се во опкружувањето на „градот на оризот“..

На чинот на осветувањето на Славскиот колач му претходеше свечена божествена литургија која се одржа во храмот „Свети великомаченик Ѓорѓи“ во Кочани.

С. Ивановски

DSCN0951

DSCN0978

DSCN1000

DSCN1043

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари