На Свечената седница на Советот на Општина Кочани што се одржа денес во салата на „Мултикултурниот Центар“ а по повод празникот на Општина Кочани „Петровден“, беа доделени највисоките награди и признанија на личности и институции кои оставија траен белег во општината а беа врачени и наградите и ваучерите на учениците – првенци на генерацијата од основните и средните училишта во општината.

По интонирањето на химната на Република Македонија седницата започна со обраќањето на Градоначалникот Николчо Илијев кој меѓу другото се осврна и на сработеното од неговото назначување на функцијата до денес.

Емилија Серафимова – Претседател на Комисијата за награди и признанија на Општина Кочани ја соопшти одлуката за годинешните добитници.

Годинешната награда за „Значајни остварувања во развојот на општината“ ја доби Холандската компанија „Антура МК“, а наградата за „Животно дело“ и беше доделена на ВИС „Тенеси“ од Кочани за значајни музички остварувања во периодот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите години.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги врачи признанијата и ваучерите на учениците првенци на генерацијата од основните и средните училишта во Општина Кочани кои на почетокот на месец Август заедно си првенците на генерацијата од збратимениот град Крижевци (Хрватска) ќе летуваат на островот Паг.

Освен големиот број на гости од Кочани, посебен белег на Свечената седница даде и присуството на митрополитот Брегалнички Иларион, замениците министри за локална самоуправа и култура, Дејан Павлески и Владимир Лазовски, како и поранешни градоначалници на Општина Кочани и Претседатели на Советот на Општина Кочани

С. Ивановски

DSCN1126DSCN1137

DSCN1132

DSCN1142

DSCN1177

DSCN1150

DSCN1113

DSCN1114

DSCN1122

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари